Во Словенија потврдени 442 случаи на заразени со коронавирусот

Се уште се зголемува бројот на заразени со коронавирусот во Словенија, а последните податоци покажуват дека досега се потврдени 442 случаи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје тестирани за вкупно 13.812 лица.

Во Клиничкиот центар во Марибор со двајца пациенти со Ковид-19 се преместени во одделението за интензивна нега, а 70 вработени се пратени дома во самоизолација бидејќи имале контакт со заразено лице.

Во болницата во Цеље е заразено едно лице, а пораст на инфицирани има во домот за стари лица во Метлика, каде што веќе едно лица почина како последица на Ковид-19.

Според надлежните не треба да се очекува до крајот на неделата да се достигне врвот на заразата со коронавирусот, односно дека се очекува во текот на целата недела да има зголемување на бројот заразени.

Треба да знаете
Последни објави