(Видео) Белград со аплауз испрати поддршка за Загреб

Загребскиот портал „Индекс“ објави на Фејсбук видео снимка на која се гледа како белграѓани на нивните прозори и балкони аплаудираат со коментар:„ Белград вечерва со аплауз даде поддршка на Загреб. Ви благодариме!“.

https://www.facebook.com/index.hr/videos/671494053622171/?t=1

Во екот на полицискиот час поради епидемијата на коронавирусот, жителите на Белград од своите прозори со аплауз испратија поддршка до медицинскиот персонал, но и до Загреб по вчерашниот силен земјотрес, кој предизвика голема материјална штета во градот, а повредени се 17 луѓе.

Хрватските власти ги предупредија граѓаните дека ширењето на коронавирусот е многу поопасно од земјотресот, кој е невозможно да се предвиди, па се укажува на потребата од почитување на претходно издадените препораки и мерки.

Треба да знаете
Последни објави