ОБСЕ изрази загриженот поради апсењето на новинари во Турција

– Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир, денеска изрази загриженост поради апсењето на неколку новинари во Турција, откако објавија извештаи за кризата поврзана со коронавирусот.

Според извештаите во медиумите, седум новинари, меѓу кои и Мустафа Ахмет Октај, сопственик на весниците „Халк” и „Пусул”, Ерен Сарикај, главен и одговорен уредник на Пусул и Исмет Чигит, главен и одговорен уредник на „СЕС Кочаели”, биле кусо уапсени минатата недела во Турција.

Сите новинари потоа биле ослободени, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Загрижен сум поради тоа што во Турција на кусо врме се уапсени новинари поради известување за пандемијата на Ковид-19, се вели во соопштението на Дезир.

Во ова време на криза, медиумите играат важна улога во обезбедувањето важни информации за јавноста, борбата против лажните вести и известувањето за прашања од јавен интерес поврзани со пандемијата, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави