Во Црна Гора уапсена Русинка поради ширење лажни вести

Под сомнение за сторено кривично дело – ширење паника за коронавирусот, црногорската полиција во Тиват ја упасила А.Г (35) од Русија.

– Таа на профилот на една социјална мрежа објавила дека во Црна Гора со коронавирусот се заразени околу илајда луѓе, починале шестмина, и оти Црна Гора ја чека сценарио како во Италија, соопшти полициската управа.

Освен тоа, уапсената во објавата напишала дека целиот персонал на хотелот „Авала„ е заразен со коронавирусот и е хоспитализиран.

Упасената ќе биде изведена пред надлежен обвинител во Котор.

Треба да знаете
Последни објави