Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс” ги прекинува сите летови во странство од крајот на април

-Од четврток 26 март до 30 април 2020година, грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс” привремено ги прекинува сите летови во странство, за „безбедноста на патниците и вработените, но и за обезбедување одржливост на бизнис активностите”, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од компанијата, единствен исклучок ќе бидат мал број летови од Атина за Брисел, „со цел да се одржи поврзаноста на земјата со административниот центар на ЕУ”.

Додаваат дека доколку од нив биде побарано, а во соработка со Генералниот секретаријат за цивилна заштита и Министерството за надворешни работи на Грција ќе бидат пуштени специјални летови за репатријација на грчки државјани, но и за било какви вонредни случаи, доколку се појават.

Во изминатиот период, на барање на грчката Влада биле воведени осум специјални летови за враќање на Грци од Мароко, Шпанија, Чешка, Полска, Србија и Грузија, како и еден лет од Лондон за Ларнака, по барање на кипарската Влада.

Треба да знаете
Последни објави