Војската им помага на жителите на Загреб

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстиќевиќ и издаде наредба на хрватската армија да помогне во санирање на штетите по земјотресот во Загреб и да ги исчисти урнатините од плоштадот „Бан Јелачиќ“ до западниот дел на градот. Тие исто така ќе треба да им помогнат на породилиштата да ги преместат бебињата од Клиниката во Петрово во новоизградениот шатор во болницата Дубрава.

Министерот за внатрешни работи и шеф на националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ рече дека армијата е веќе на улица и работи на расчистување на урнатините.

„Сите се ангажирани, на располагање сме да му помогнеме на градот Загреб. Нашата работа, како дел од системот за национална безбедност, е да им помогнеме на нашите граѓани кога им е најтешко“, рече Крстичевиќ.

Треба да знаете
Последни објави