Во Грција 13 лица починаа од коронавирусот

Бројот на жртвите од коронавирусот во Грција се искачи на 13, а во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што бројот на лица заразени со Ковид-19 достига 530, од кои повеќето се во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција рече дека хоспитализирани 100 лица, од кои 18 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 19 лица.

Во Грција, до сега, биле анализирани околу 8000 примероци. 

Треба да знаете
Последни објави