ПСЖ упатил барање за Дибала

Пред неколку недели, Пари Сен Жермен упатил барање кон Јувентус за можноста да го привлече Пауло Дибала. Италијанците категорично одбиле, изјавувајќи дека немаат намера да се разделат со Аргентинецот.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе некое време се обидува да го привлече Дибала. Минатото лето клубот имаше слична желба, но го чекаше развојот на ситуацијата со Нејмар, кој на крајот остана во Париз.

Тогаш беше можен трансферот на аргентинскиот напаѓач, бидејќи тој беше на чекор да си замине од Торино. Играчот беше во преговори со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, откако Јувентус имаше планови да не се потпира на него.

Сега, сепак, ситуацијата е сосема поинаква бидејќи Дибала му покажа на клубот дека е исклучително вреден.
Повторно си го освои местото во стартниот состав и постигнува важни голови.

Треба да знаете
Последни објави