Премиерлигашки фудбал ќе се гледа првиот викенд во Мај

Првиот викенд во мај веројатно ќе означи продолжение на натпреварите во Премиер лигата, а одлуката на претставниците на англиските клубови на состанокот со челниците на ФА е дека фудбал сигурно ќе нема до 30 април.

Донесена е одлука шампионатот сепак да се доигра и поништување ќе нема. Овие одлуки се очекувани, иако се најавуваше дека има можност да се продолжи сезоната во Премиер лигата од 4 април, сепак поради епидемијата од Коронавирус што ја зафати сериозно и Велика Британија, одлучено е да се пролонгира најмалку за еден месец.

Според денешната одлука, можно е продолжението да биде на 2 мај со мечевите од 30-тото коло во Премиер лигата, но и останатите натпревари во пониските лиги.

Треба да знаете
Последни објави