Олимписките квалификации во карате одложени за Јуни

Бројни натпреварувања во многу спортови се откажани, а овој пат на удар е и квалификацискиот турнир во карате кој требаше да се одржи во салата „Берси“ во Парид од 8 до 10 мај годинава.

За одложувањето на турнирот, преку кој македонските каратисти ќе бркаа олимписка норма за Игрите во Токио, се огласи и Македонската карате федерација.

Ве известуваме дека поради актуелната ситуација со коронавирусот (Ковид-19), а во насока на превенција, заштита и безбедност, ве известуваме дека квалификациониот турнир кој требаше да се одржи во салата „Берси“ во Париз од 8 до 10 мај за обезбедување на настап на Олимписките игри во Токио 2020 е одложен. Одреден е новиот датум за одржување на истиот кој што Светската карате федерација (ВКФ) во координација со Меѓународниот олимписки комитет го определи е од 26-28 јуни 2020 година, соопштија од Карате федерацијата

Најголем адут за обезбедување на А-норма за Македонија е Емил Павлов, чија главна цел беше да биде во најдобра натпреварувачка форма на почетокот на мај.

 

Треба да знаете
Последни објави