АХВ отстапи две автоматски дезинфекциски прскалки за возила

Како општествено одговорна институција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапи по заклучокот на Комисијата за контрола на заразните болести на Дирекцијата за заштита и спасување и отстапи на користење две автоматски дезинфекциски прскалки за возила.

Станува збор за опрема за автоматска дезинфекција на возила кои се поставени на влезот и излезот на општините Дебар и Центар Жупа, каде неодамна, поради состојбата со вирусот КОВИД 19, беше прогласена кризна состојба.

-Како поддршка во спроведувањето на мерките на Владата за борба против корона вирусот, покрај прскалките, отстапивме и дел од средствата за еднократна заштита, со цел обезбедување оптимални услови за заштита на населението и непречено спроведување на мерките за заштита од вирусот, информира АХВ.

Воедно информира дека деновиве, уште две автоматски прскалки за дезинфекција, АХВ ќе и отстапи и на Царинската управа

Треба да знаете
Последни објави