Search

Шилегов: Ќе ги ослободиме угостителите од надомест за урбана опрема и ќе ја намалиме фирмарината

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најавува дека ќе стори се да им излезе во пресрет на сограѓаните кои трпат штети од справувањето со пандемијата од коронавирусот. „Таткото“ на скопјани, Шилегов на својот фејсбук најави поволности за сите оние кои поради мерките кои се на сила ги имаат затворено своите локали.

-Во рамките на своите надележности ја разгледувам можноста Град Скопје целосно да ги ослободи од надомест за урбана опрема сопствениците на локалите кои вршат угостителска или друга дејност, а кои заради мерките на Владата за спречување за ширење на пандемијата од Ковид 19 мораа да ги затворат своите локали.

Во исто време се разгледува и можноста за намалување на надоместокот и за фирмарина.

По носењето на овие одлуки истите веднаш ќе бидат објавени

Градот во рамките на своите скромни надележности ќе ја помогне локалната бизнис заедница, а без да бидат доведени во прашање виталните градски функции.

Треба да знаете
Последни објави