Search

Шилегов: Помагаме за општо добро – помогни и ти

Во справувањето со коронавирусот за побрзо пристигнување до Инфективната клиника во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде им се укажува медицински третман на заразените сограѓани, денеска од Градот Скопје беа ангажирани вработени од јавните претпријатија кои се под негова надлежност „Улица и патишта“ и „Паркови и зеленило“.

-Вработените на Улици и патишта и Паркови и зеленило, денеска во Клиничкиот центар, по барање на Министерството за здравство, започнаа со изградба на два коридори за непречен влез на возилата на брза помош и директен влез кон Инфективната клиника. Помагаме за општо добро.Помогни и ти – напиша на својот фејсбук градскиот „татко“ Петре Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави