Search

Општина Карпош со телефонски линии и бесплатен сервис за помош на ранливи групи

Општина Карпош се приклучува кон акцијата на Црвениот крст на Град Скопје, за обезбедување на логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на Карпош, а како резултат на справување со последиците од Covid 19 (коронавирус).

Граѓаните од Карпош можат да се јавуваат на телефонските броеви:

070 – 226 – 136  и 02/3068-806, а мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден, од 08:30 до 12:30 часот. Нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејствата со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Карпош.

Сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават.

Исто така, од утре почнуваат да функционираат и две СОС линии за обезбедување на психосоцијална поддршка на граѓаните. Линиите ќе бидат отворени секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119.

Општината ќе одвои и буџетски средства за реализација на оваа активност, која е координирана и поддржана од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и другите градоначалници на скопски општини.

Треба да знаете
Последни објави