Search

Опожарени три нови контејнери на улицата „Васил Главинов“

Во текот на денов, три нови контејнери со зафатнина од 3,2м3 беа опожарени од страна на непознати сторители на улицата Васил Главинов во општината Центар. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи и истите во најкус можен рок ќе бидат заменети со нови садови.

„,Апелираме до граѓаните на градот Скопје да престане вандализмот и  уништувањето на садовите за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен. Во време на епидемија од глобални размери, ваквите инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го зголемуваат ризикот за ширење заразни заболувања. Во овие околности, граѓаните треба особено внимателно да ракуваат со урбаната опрема, а својот отпад да го одлагаат само во поставените садови, уредно спакуван во затворени ќеси, со цел да се намали можноста од создавање диви депонии и да се заштити сопственото и колективното здравје.” – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави