Церар ја напушти партија што ја формираше поради коалицијата со Јанша

Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија Миро Церар денеска објави дека ја напушти Партијата на модерниот центар (СМЦ), што тој ја формираше, поради одлуката на партиското раководство да коалицира со партијата на Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Церар својата одлука ја објави во словенечкиот Парламент, а ја напиша и на социјалните мрежи.

– Денеска излегувам од партијата на која и посветив шест години од својот живот и во која го оставив своето име. СМЦ веќе одамна не е партија на Миро Церар, а за жал не е ни повеќе партија на модерниот центар, напиша Церар.
Партијата СМЦ реши да влезе во коалиција со десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанша, што беше причина за голем број негодувања и во самата партија.

Церар уште пред да се формира новата коалиција најави дека доколку таа стане реалност, тоа ќе биде сосема спротивно до неговите политички вредности и погледи за тоа како треба да се развива Словенија.

Треба да знаете
Последни објави