Search

Червар: Ако само желбата за успех биде решавачки фактор тогаш Норвешка нема да се радува

 

Почнува борбата за распределба на медалите на 14. Европско ракометно првенство за мажи кое го организираа за првпат три земји ко-домаќини Австрија, Шведска и Норвешка, а за првпат се играше и со завршница од 24 репрезентации. Од нив по двата групни филтри во Стокхолм стигнаа да се борат за медал, актуелниот континентален првак Шпанија, Норвешка и две селекции од поранешните ју-простори Хрватска и Словенија.

Според прикажаното на паркетото Норвешка која за противник во полуфиналето ќе ја има Хрватска ја има фаворитската улога  в недела да се искачи на највисокото скалило на пиедесталот. Во седумте одиграни натпревари на шампионатот единствена има забележана седум победи. Во пресрет на последните 120 минути, полуфиналните и финалните не треба да се потценат и Шпанија, Хрватска и Словенија, бидејќи овие мечеви во кои нема поправен покрај ракометниот потенцијал ќе ги одлучуваат психолошки моменти.

-Ако желбата за успех биде решавачки фактор тогаш Норвешка овојпат ќе нема шанса да се радува. Но, покрај желбата за успех ќе треба и многу добра игра  да се прикаже, а де се покопат и други моменти за да се успее. Свесни сме за се. Норвешка е најтешкиот предизвик за нас на ова ЕП, стоиме цврсто на земја и се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Секогаш сум оптимист, но и доволно исксуен да не „полетаме“. Преднас е најтешката задача, иако во текот на првенството покажавме дека сме психолошки силни, не се предаваме и можеме да се вратим во игра од минус. Не сакам да биде и овојпат така. Имаме тим и ако делуваме компактно се надевам дека ќе успееме – вели искусниот Лино Червар, селектор на Хрватска. Тој потсетува дека несмеат неговите избраници да ги повторат пропустите во играта од дуелот ос Германија, а се надева дека ќе ги има на располагање и повредените Лука Циндриќ и Игор Карачиќ за решавачките дуели.

И Норвешка е свесна дека сега и е дојден моментот да стигне до златото. Прикажа на паркетот најконстантна игра во сите седум натпревари, го има во совите редови можеби најдобриот поединец и прв стрелец на шампионатот Сандер Сагосен кој досега има псотигнато 51 гол, а не настапи на последниот меч од групата кога се беше познато кој ќе игра во полуфиналето.

Во сенка на оваа пресметка актуелнит бранител на трофејот Шпанија, која заедно со Хрватска останаа непоразени во седумте меча, но за разлика од Норвешка имаат едно реми од меѓусебната пресметка во втората фаза, ќе треба да се докажува против Словенија, која ги штедеше своите сили во последната рунда за денешниот предизвик против „црвената фурија“. Словенците очекуваа бројна поддршка од своит навивачи кои ги повикаа масовно да пристигнат во Стокхолм.

Натпреаврите од полуфиналето ќе се играат на адаптиран фудбалски стадион –  „Теле 2“ арена во Стокхолм. Стадионот не e целосно затворен и во него е монтиран ракометен терен, но ќе се создадат услови на никого да не му биде ладно. Има голема монтажна трибина и за ракоментиот спектакал на располагање ќе бидат 22.500 места за навивачите.

На овој стадион, своите мечеви како домаќини ги играат фудбалските клубови Хамарби и Ѓургарден. Изграден е во 2013 година и има 35.000 седишта.

Полуфинале – денеска

18 часот: Норвешка – Хрватска

20,30 часот:Шпанија – Словенија

Утре

16 часот: Германија – Португалија (меч за 5. место)

18.30 часот: Меч за 3. место

Недела

16,30 часот: Финале

Треба да знаете
Последни објави