Search

Шпанија и Хрватска ќе „избираат“ ривал за полуфиналето

Денеска во Виена и Малме со одигрувањето на четврттата рунда од втората фаза во двете групи ќе бидат познати полуфиналните двојки за 14. Европско ракометно првенство кое го организираа Австрија, Шведска и Норвешка. Полуфиналните мечеви се закажани за в петок во Стоколм, каде в недела ќе биде познат и новиот европски владетел.

Во првата група која се игра во  „Штадхале Арена“ во Виена, полуфиналаиститие, актуелниот бранител на трофејот Шпанија и Хрватска се познати од порано, но попладнево во мешусебна пресметка ќе „избираат“ кој да им биде ривалот во полуфиналетоо, првопласираната или второпласираната селекција во групата 2 која се игра во Малме. А, таму ко-организаторот Шведска синоќа како сигурен патник пред да се одиграат последните 60 минути ја промовира Норвешка која е најблиску до првата позиција и најнепосакуваниот ривал според досега прикажаното на континеталниот собир за Шпанија и Хрватска.

Како кандидат за вториот патник во полуфиналето од групата во Малме останаа по синоќешните дуели Словенија и Унгарија. Полуфиналниот сон заврши за Исланд и Португалија.

Селекцијата на Словенија ќе треба да го верификува настапот во полуфиналето токму против сега сигурната Норвешка, а Унгарија ќе треба да го совлада најпртијатното изненадување Португалија и да чека услуга од „викинзите“ за да заиграат во полуфиналето. Во случај на крајот да имаат исти број на бодови, Унгарија има подобар меѓусебен скор од Словенија. Ако, пак Словенија ја добие Норвешка тогаш ќе ја симне од првата позиција.

Математики и комбинаторики има повеќе во 2 група за конечниот пласман. Покрај првото и второто место привлечна е и третата позиција и разигрувањето за позиција која води во олимписките квалификации, а на тоа може да се надева и ко-организаторот Шведска.

Сепак, дербито на денот ракометните љубители го гледаат во  пресметката меѓу Шпанија и Хрватска кои на овој шампионат до нивната пресметка реда само победи. На овој дуел во Виена во „Штадхале“ ќе настапат дури петмина ракометари од златната генерација на Вардар: Лука Циндриќ и Игор Карачиќ кај Хрватска, а Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Алекс Душебаев кај Шпанија.

Група 1 (Виена)

Двојки: Хрватска -Шпанија (16 ч.), Белорусија – Австрија (18,15 ч.), Чешка – Германија (20,30 ч.)

Табела: Шпанија 8 бода, Хрватска 8, Германија 4, Австрија 2, белорусија 2, Чешка 0.

Група 2 (Малме)

Двојки: Португалија – Унгарија (16 ч.), Норвешка – Словенија (18,15 ч.), Исланд – Шведска (20,30 ч.)

Табела: Норвешка 8 бода, Словенија 6, Унгарија 4, Португалија 2, Исланд 2, Шведска 2.

Треба да знаете
Последни објави