Search

10.000 визи и дозволи за работа издава Германија за македонски државјани

Околу 10.000 работни визи и дозволи за престој за македонски работници годишно се издаваат во Германија. Но, засега нема  точни бројки уште колку нелегално работат таму. Уште поголема миграција се очекува од март за кога е најавено олеснување на условите за заминување.  Од германската амбасада велат дека се подготвени за пречек на нови работници. Најмногу кадар е потребен во медицината и индустријата. Сепак, предупредија  дека живеачката таму е поскапа.

Домашните компании кои мака мачат да најдат луѓе за работа, се свесни дека уште многу млади ќе заминат. Сепак, се надеваат дека ќе влијаат на свеста на младите за да им посочат дека и во странство не е сјајно.

Со новите измени во Законот за миграција на работна сила во Германија ќе им се овозможи на сите квалификувани работници кои доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ да добијат  работа под исти услови како и нивните граѓани особено за занимања кои се дефицитарни.

Во земјава пак работата околу 200 германски фирми. Дел од нив се тука поради ниските трошоци,  дел поради близината до други земји. Платите кои ги нудат се далеку пониски од  германските, но ако се зголеми продуктивноста велат дека и тие би ги зголемиле платите.

Извор: Сител.мк

Треба да знаете
Последни објави