Search

Шпанија и Хрватска имаат обврска да ја потврдат фаворитската улога

Ако во првата група од вторта фаза на 14. Европско ракометно првенство работите се јасни кои две селекции ќе продолжата во разигрувањето за распредалба на медалите со пласманот во полуфинаалето, Шпанија и Хрватска, во втората група неизвесноста останува до крајот. Денеска на програмата се мечевите од првата група која се игра во Виена, каде водечките две селекции на Шпанија и Хрватска имаат обврска да ја потврдата фаворитската улога прптив Белорусија односно Чешка, а еден од ко-организаторите на континенталниот собир Австрија и германија ќе играат за престиж.

Во втората група која се игра во Малме, каде ко-организаторот Шведска ги загуби шансите за пласман на двете водечки позиции и разигрувањето за медали пред своите гледачи кое ќе биде  викендов во Стокхолм, таков расплет останаа да очекуваат третиот ко-организатор Норвешка, Словенија, Унгарија, Португалија, па и Исланд. Само Шведска не е во математичките комбинации.  Денеска е ден одмор за селекциите од групата во Малме, а утре и задутре ќе ги играат решавачките мечеви.

Распоред на натпреаврите: Група 1 (Виена)

Денеска: ХРВАТСКА – ЧЕШКА (16 ч.), БЕЛОРУСИЈА – ШПАНИЈА (18,15 ч.), АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА (20,30 ч.).

Среда (22 јануари): ХРВАТСКА – ШПАНИЈА (16 ч.),  БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА (18,15 ч.), ЧЕШКА – ГЕРМАНИЈА (20,30 ч.).

Табела: Шпанија 6 бода (94:77), Хрватска 6 (83:70), Германија 2 (81:81), Австрија 2 (81:86), Белорусија 2 (74:87), Чешка 0 (79:91).

Група 2 (Малма)

Втроник (21 јануари): ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА (16 ч.), НОРВЕШКА – ИСЛАНД (18,15ч.), УНГАРИЈА – ШВЕДСКА (20,30 ч.).

Среда (22 јануари): ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА (16 ч.),  НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА (18,15 ч.), ИСЛАНД – ШВЕДСКА (20.30 ч.)

Табела: Норвешка 6 бода (93:77), Словенија 4 (79:75), Унгарија 4 (82:82), Португалија 2 (88:87), Исланд 2 (73:79), Шведска 0 (64:79).

Треба да знаете
Последни објави