По повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари, ФОН Универзитетот организира целодневен настан со повеќе случувања во просториите на универзитетот во Скопје. Централниот настан ќе започне од 10:30, на кој ќе го претставиме новиот Универзитетски одбор за доверба, во кој членуваат седум добитници на Нобелова награда, истакнати академски имиња, бивши и сегашни политичари од повеќе земји од светот. Веднаш потоа, започнува панел дискусија со дел од Одборот за доверба и симпозиум на тема „Образованието како фактор за мир и одржлив развој“. Покрај дел од Одборот за доверба говорници ќе бидат и Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, поранешниот Премиер на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев, бивши и сегашни министри и функционери.
Најавата на новиот Одбор и Симпозиумот ќе започнат во 10:30 часот, на 24 јануари 2020, во просториите на Амфитеатар 1 на ФОН Универзитетот во Скопје (Бул. Киро Глигоров бр. 5).
Говорници на настанот :
- Г-дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
- Г-дин Зоран Заев, поранешен премиер на Република Северна Македонија
- Д-р Абдула Алкашрами, претседател на светската унија на поети и Арапскиот клуб за наука, Амбасадор на културата во Арапската лига
- Проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО, поранешен претседавач на Европскиот совет за истражување и претседател на Фондација за култура и мир
- Н.Е. Абдула Јеро Балде, министер за високо образование и научни истражувања на Република Гвинеја
- Н.Е. Хосе Консарнау Гвардиола, Амбасадор на Шпанија во Република Гвинеја
- Најат Валауд – Белкацем, прва жена министер за образование, високо образование и истражување во Франција
- Проф. д-р Роберт Мандел, Универзитетски професор емеритус, добитник на Нобелова награда од Универзитетот Колумбија
- Проф. д-р Едвард Нел, професор емеритус на Њу Скул, Њујорк и професор емеритус на Фондацијата Џон Брадемас
- Проф. д-р Вили Семлер, Хенри Амхолд професор за меѓународна соработка и развој, Њу Скул Њујорк
- Проф. д-р Карим Еруаки, Амбасадор на OLA-DSCC во Афричката Унија и професор емеритус на Универзитетот ФОН
- Д-р Хенри Абдо, основач и претседавач на Титаниум Капитал PTE LTD и претседател на Фондацијата Џон Брадемас
- Проф. Чарлс Гудхарт, професор емеритус на Лондонската школа за економија
- Винченте дел Боск Гонзалез, почесен претседател на Фондацијата Тема Елорза
- Маига Алкассум, Министер за високо образование, научно инстражување и иновации на Република Буркина Фасо
- Проф. д-р Рајмонд Акики, предавач на Универзитети во Либан
- Проф. д-р Денко Малески, Професор Емеритус, Факултет за правни и политички науки, Фон Универзитет
- Проф. д-р Никола Поповски, Декан на Факултет за економски науки, Фон Универзитет
- Проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, Декан на Факултет за правни и политички науки, Фон Универзитет
- Г-дин Сефер Цаноски, претседател на Управниот одбор на Универзитетот ФОН
Модератори: Проф. д-р Нано Ружин, ректор на Универзитетот ФОН и д-р Хенри Абдо, Извршен директор, Титаниум Капитал Груп
- Промовирање на фондацијата Џон Брадемас
- Презентирање на најдолгиот еп за мир во светот – во авторство на Светската унија на поети, УНЕСКО и Арапската лига
- Потпишување Меморандум за соработка меѓу Арапскиот културен и информативен центар на Арапската лига и Универзитетот ФОН
- Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на Гвинеја и Универзитетот ФОН
- Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на Буркина Фасо и Универзитетот ФОН
- Потпишување Меморандум за соработка меѓу Светската унија на поети и Струшките вечери на поезијата
ФОН Универзитетот ја има честа да го покани Вашиот медиум да го проследи симпозиумот. Ве молиме да ги акредитирате Вашите новинарски екипи на следниот линк:
https://forms.gle/R3oLd1UJXHRqdGBd9
За повеќе информации следете на линкот: boardoftrustees.fon.edu.mk