Search

Хрватска во трилер завршница ја победи Германија

Поранешниот ракометар на Вардар беше најдобар играч на Хрватска во драматичната победа над Германија 25:24 со која се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.

По 2:1 за Хрватска во третата минута Германија доминираше на теренот во најголемиот дел од мечот, неколку пати имаше предност и од пет гола разлика, по првиот дел водеше со 14:11.
Одлично го почнаа и второто полувреме, но како натпреварот се ближеше до крајот така Хрватска полека се враќаше во мечот и ја топеше предноста на Германците.
Германија имаше водство од 24:23, а последните два гола ги постигнаа Хрватите и дојдоа до победа од 25:24.
Одбраната го реши мечот иако голманите на Хрватска имаа лош ден, Шего беше лош со само три одбрано во целиот меч, но на крајот одбрани напад за израмнување на Германија.
Херојот на Хрватска беше легендата на Вардар, Игор Карачиќ кој постигна седум голови, пет реализираше Дувњак. Кај Германците Генсхајмер, Кастенинг, Рајхман и Вебер постигнаа по четири гола.
Хрватска во последното коло против Шпанија ќе се бори за првото место во групата и полесен противник во полуфиналето.
Треба да знаете
Последни објави