Search

Трет пораз во низа за Наполи, Елмас пак на клупа

Џенаро Гатузо не му помага многу на Наполи откако пристигна на тренерската позиција, па клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го доживеа и третиот пораз по ред во Серија А, односно четврти на последните пет натпревари. Тие пред своите фанови загубија од Фиорентина со 0:2.

Елмас повторно остана на клупата и ги следеше неговите соиграчи додека се мачат на теренот против гостите од Фиренца, кои постигнаа гол за водство во 26. минута преку Кјеза.

Во второто полувреме се играше израмнет фудбал од двете страни, а Фиорентина преку Влховиќ успеа да ги постави конечните 2-0.

Наполи по 20 одиграни кола се наоѓа на 12. место со 24 бодови.

На средината од декември, Аурелио Де Лаурентис се раздели со стратег од светска класа како Карло Анчлеоти и го донесе недокажаниот Џенаро Гатузо. Претседателот на Наполи сметаше дека ваквиот потег ќе го врати тимот на победнички патеки, но наместо работите да тргнат на подобро, тие одат на полошо.

За домаќините ова беше трет пораз во низа односно четврти на последните пет меча. Ваквата серија значеше изедначување на негативен рекорд. Џенаро Гатузо е првиот тренер по Зденек Здеман (во 2000 година) кој има дури четири порази од првите пет натпревари како тренер на Наполи во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави