Search

Над 30 лица загинаа во напад во Јемен

Над 30 луѓе се убиени денеска во напад на бунтовниците Хути врз центар за обука во Јемен, објави државната телевизија на Саудиска Арбија, „Ал Акбарија“.

Телевизиjaта пренесе изјави од медицински извори според кои во нападот загинале 32 војници, информира агенцијата „Ројтерс“.

Веќе неколку години Јемен е зафатен од вооружен судир меѓу владините сили, предводени од претседателот Абдрабух Мансур Хади и бунтовниците Хути.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, на барање на Хади, од 2015 година изведува воздушни напади против бунтовниците, поддржани од Иран.

Треба да знаете
Последни објави