Норвежаните од самиот старт на натпреварот го имаа водството, кое во првата половина од полувремето достигна и до три гола разлика (8-5), по што Франција полека се будеше и на пауза замина со предност од 15-14.
Во второто полувреме следеше одличен старт за Французите, кои поведоа со 18-15,но потоа Норвешка го сврте резултатот во своја корист (22-21) и водството го одржуваше до самиот крај (28-25).
Норвешка има четири бодови во групата Д, колку што има и Португалија, па тие две селекции обезбедија пласман во следната фаза, додека од ЕП се збогуваат Франција и Босна и Херцеговина.
Ова е најлош резултат за Франција утше од 1978 година и испаѓање од групата на Светското првенство во Данска, додека Французите на ЕП не биле полошо пласирани од седмо место.
Во групата Ф, Словенија беше сигурна против Шведска со 21-19, па изби на првото место на табелата со четири бодови.