June 28, 2022 23:08
Хроника

202 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

đánh bài đổi thưởng go88

sunwin stevia wallstreet online game sunwin.vn sunwin game tài xỉu