Талибанци нападнаа полициска станица, убиени 11 полицајци

Најмалку 11 полицајци се убиени денеска во напад на Талибанци на полициска станица во северниот дел на Авганистан. Група од околу 400 талибански мотоциклисти ја нападнаа главната полициска станица во провинцијата Балк, а размената на оган траела со часови.

Портпаролот на Талибанците тврди дека ја презеле станицата. Портпаролот на провинцијата Балк ги негираше таквите тврдења и посочи дека полицијата сè уште го контролира местото. Тој дополни дека е веројатно оти конечниот биланс на загинати не е конечен.

Нападите на Талибанците продолжија и по претседателските избори во Авганистан.
За време на денот на изборите во неделата, се случија 68 напади на Талибанците низ целата земја, при што загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Треба да знаете
Последни објави