Search

Одмор за раскажување: Тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија

Мајкл Бредли, пилот на компанијата „Изи џет“ кој со семејството патувал на одмор во Шпанија, таму стигнал како капетан на авионот со кој требало да патува, откако неговиот колега задолжен за пилотирање на авионот, не се појавил за тој лет.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како Бредли им кажува на другите патници на летот од Манчестер до шпанскиот Аликанте дека со себе ја носи својата пилотска лиценца, а се слуша и бурен аплауз откако тој соопштува дека од одговорните добил дозвола да го управува авионот, пренесе „Бизнис инсајдер“.

„Се јавив во Изи џет и реков: ‘Здраво, јас сум на терминалот и сум слободен. Имам дозвола со мене. Би сакал да одам на одмор и доколку сакате услуга, подготвен сум да го сторам тоа“, рекол Бредли.

Надлежните го сослушале неговото барање и рекле дека ќе му се јават уште еднаш. Околу 40 секунди подоцна, Бредли добил нов повик: „Те молиме, управувај го авионот до Аликанте“.

Бредли со останатите патници се пошегувал и на сметка на тоа што носел цивилна облека.

„Значи, доколку не ви пречи денес да имате пилот кој изгледа вака, тогаш одиме за Аликанте“, рекол тој.

Портпаролот на „Изи џет“ го потврдил овој необичен настан и додал дека целата ситуација била спроведена во склад со прописите бидејќи Бредли ја носел својата летачка дозвола и потребните документи.

Треба да знаете
Последни објави