Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во Јакута

Најмалку две лица загинаа, а петмина се повредени при принудно слетување на авион во сибирската област Јакута, во близина на езерото Силијан Куел, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

– Според последните информации две лица загинаа. На летот биле седум луѓе. Повредените со авион се пренесени во Јакутск, а биле посетени и од психолози, се наведува во соопштението.

Претходно медиумите објавија дека авион Ан-26, сопственост на компанијата „Авиаспектр”, принудно се приземјил кај езерото Силијан Куел, околу 400 километри од местото каде требало да слета.

Треба да знаете
Последни објави