За прв пат во историјата, трансродов модел стана ѕвезда на „Шанел“

Француски „Шанел“, една од водечките брендови во индустријата за мода и убавина, за прв пат избра трансродов модел за новата кампања и тоа Теди Квинливан (25), која на „Инстаграм“ се пофали со својот ангажман.

Теди е родена како момче, но многу рано почнала да се чувствува како жена и на училиште се преоблекувала во облека за девојчиња. Тоа не им се допаѓало на нејзините врсници, па ја злоупотребувале и исмевале, но таа не се откажала од тоа што е.

На 17-годишна возраст започнала со хормонска терапија, а најголем поддржувач за промената на полот ѝ била нејзината мајка. Се запишала во уметничко училиште и почнала да се занимава со манекенство по дипломирањето. Таа носела облека на светски познати дизајнери како што се Шанел, Прада, Диор, Фенди, Гучи и други.

Во септември 2017 година, за време на Њујоршката модната недела, таа признала дека е трансродова личност. „Шанел“ со овој потег може да ги охрабри другите брендови да вклучат членови на ЛГБТ-заедницата во нивните кампањи.

Треба да знаете
Последни објави