Трета награда за новинарите на „Макфакс“ за патните трошоци на пратениците

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар попладнево ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Трето место доби истражувачкиот серијал објавен на „Макфакс“ од Кристина Озимец и Васко Маглешов насловен „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“. Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк њуз велешки сајтови`“ Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“.

Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство.  За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.

Треба да знаете
Последни објави