Осуммина мигранти пронајдени на автопатот Куманово – Табановце

Во кумановската полиција во раните утрински часови на 30 август било пријавено дека се пронајдени мигранти на автопатот Куманово – Табановце, поточно кај клучката за село Костурник.

Како што информираат од МВР, мобилна екипа на Царинската управа во автомобил со скопски регистрски таблички пронашла осуммина мигранти (двајца од Ирак и шестмина од Пакистан).

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави