Според Чавушоглу, војската ќе ја напушти Сирија ако се реши конфликтот

Турската војска ќе ја напушти Сирија ако се постигне политички договор околу конфликтот во земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Ако се најде политичко решение во Сирија, нашата војска ќе замине. Сепак, сегашниот сириски режим не верува во политичко решение“, рече тој за време на посетата на Норвешка, пренесува ТАСС.

На почетокот на јули, турската администрација откри планови за извршување воена операција во северна Сирија, бидејќи смета дека групите Курди што се наоѓаат таму претставуваат опасност за Турција.

Треба да знаете
Последни објави