Ентони на прагот на Бруклин Нетс

Кармело Ентони нема да остане без клуб следната сезона, бидејќи Бруклин Нетс, покажува многу голем интерес за неговите услуги.

Нетси ова лето останаа без нивниот најдобар играч Д’Анџело Расел, кој замина кај Вариорси, но затоа ги доведоа Кевин Дурант и Кири Ирвинг во своите редови, кои заедно со Ентони ќе бидат пеколното трио на Бруклин.

Американските медиуми тврдат дека токму овој двоец Дурант-Ирвинг извршил дополнителен притисок врз управата на Нетс да потпишат договор со Ентони, кој е еден од најдобрите стрелци во поновата историја на НБА лигата.

Мело минатата сезона одигра само 10 натпревари за Хјустон Рокетс со просек од 13,4 поени и 5,4 скока по натпревар, по што остана на немилост на тренерот Мајк Д’Антони.

Треба да знаете
Последни објави