Активни пожари на неколку локации во Грција

На четири различни локации, од кои две во близина на Атина, активни се пожари во кои интервенираат над 150 пожарникари со возила, авиони и хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Во населбата Пендели во северниот дел на Атина, со огнените јазици се справуваат 33 пожарникари со 13 возила, една пешадиска единица, два хеликоптери и два авиони, а полицијата поради пожарот затвори за сообраќај една улица.

Пожар избувна и во Артемида во источниот дел на областа Атика, а интервенираат 50 пожарникари со 22 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери и два авиони. Иако првично, во грчките медиуми се споменуваше дека можно е превентивно да се евакуираат жителите од околните домови, сепак, не беше потребно да се стори тоа.

Во гаснењето на пожарот во областа Танагра во централна Грција, учествуваат 52 пожарникари со 23 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери, два авиони и два PZL.

Активен е и шумски пожар во близина на градот Арта.

Треба да знаете
Последни објави