Search

За зголемување на платата до 100 евра, придонесите ќе ги плаќа државата

За зголемување на платата до 100 евра, придонесите ќе ги плаќа државата

Владата планира да воведе мерка со која ќе го субвенционира зголемувањето на платите на работниците во државава. Мерката ќе важи за секое зголемување на платите во нето износ до сто евра, за што придонесите ќе ги плаќа државата.

Владата планира мерката да почне да се применува од први октомври годинава.
Конкретно, ако работник зема плата во нето износ од дваесет илјади денари и работодавецот одлучи да му ја зголеми за пет илјади денари нето, придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување за зголемувањето од пет илјади денари ќе ги плати државата. Работодавецот ќе плати само персонален данок на зголемувањето од пет илјади денари.

Од владејачката СДСМ сметаат дека на ваков начин ќе легализираат дел од платите што сега се исплаќаат во кеш, без притоа да трпат пензискиот и здравствениот фонд.

Проекциите велат дека на годишно ниво за оваа мерка ќе треба да се издвојат околу четириесет милиони евра од државниот буџет.

За последниот квартал од оваа година се планира парите да се обезбедат со ребаланс на буџетот, кој треба да се случи во наредниве недели.

Извор: 360 степени

Треба да знаете
Последни објави