Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ.
„Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас.” – истакна МНР Димитров, посакувајќи и’ на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици. Истовремено, министерот Димитров се заблагодари за силната и безрезервна поддршка што во континуитет е упатувана од Република Хрватска за европските и евро-атлантските интегративни процеси на Република Северна Македонија, дотолку повеќе што токму Хрватска беше меѓу првите земји-членки кои го ратификуваа пристапниот Протокол за НАТО.
На средбата, на амбасадорката Баришиќ и’ беше врачена благодарница за нејзината посветеност и придонес во продлабочувањето на македонско – хрватското пријателство.