Работник паднал од скеле во гостиварско

Педесет и тригодишен маж од с. Врбјани, Гостиварско, вчера паднал од импровизирано скеле додека изведувал градежни работи, при што добил тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави