ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна грижа со земјоделците, наспроти нивниот игнорантски однос, денес Владата предводена од СДСМ ги исплаќа и нивните долгови

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го уништуваше земјоделството и го погази достоинството на земјоделците.

Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризира со огромни долгови кон земјоделците и неисплатени субвенции.

Официјалните податоци на Платежната агенција се доказ дека до денес се исплатени околу 305 милиони евра за субвенции од кои дел се заостанати и неплатени долгови од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2013,2014,2015 и 2016 година.

Исто така, официјалните податоци потврдуваат дека исплатени се дополнителни 106 милиони денари за дополнителна субвенцијаа од 3 денари по килограм за продадено јаболко во преработувачките и откупните центри.

Воедно, минатата година е забележан значителен пораст на извозот на клучните извозно-ориентирани земјоделски производи и на откупните цени на сезонското овошје и зеленчук, а повисоките откупни цени значат повеќе пари за понкурентно земјоделство и повеќе пари во семејните буџети на земјоделците.

Додека за 11 години, ВМРО-ДПМНЕ ги уценуваше земјоделците и вршеше закани и притисоци, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистински аграрни политики кои носат реални придобивки за земјоделците.

Денес, трудот на земјоделецот се вреднува, постојано се зголемува побарувачката, како на домашниот така и на странските пазари.

Грижата за земјоделците продолжува.

Зборот важи!

Треба да знаете
Последни објави