Search

Балотели е нов фудбалер на Бреша

Марио Балотели конечно најде нов клуб, откако стана јасно дека Олимпик Марсеј нема да му понуди продолжување на договорот.

„Марио Балотели и официјално е нов фудбалер на Бреша. Враќањето во Италија после три години е благодарение на одлучноста и ентузијазмот на Марио да се врати во Бреша, град каде што порасна и уште како дете се истакнуваше со своите физички и технички способности“, соопштија од Бреша.

Претходно во својата кариера Балотели настапуваше во редовите на Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј.

Треба да знаете
Последни објави