Search

Реализацијата на капиталните инвестиции достигна 22 процента

Капиталните инвестиции, од 13 проценти колку што изнесуваа на крајот на мај, заклучно со оваа недела се 22 процента, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во интервју за Македонската телевизија.

Таа бројка, како што наведе, покажува дека има сериозен напредок. – Формиравме е работна група што се занимава исклучиво со капиталните инвестиции и веќе во рамки на неполн месец имаме сериозно зголемување од 11 до 12 проценти во реализацијата на капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции во овој Буџет се планирани на начин да почнат со тендерски постапки на почетокот на годината, значи не се некои што продолжуваат од минатата година, се потпишуваа договорите во средината на годината и почнува реализацијата во втората половина на годината, укажа вицепремиерот.

Од прегледот што го има на капиталните инвестиции, како што рече, очекува нивно динамично реализирање во втората половина од годината и многу подобри бројки од минатата година.

„Тесното грло”, оцени, е во планирањето на Буџетот.

– Ако нешто може да и се забележи на оваа Влада, тоа е реализацијата на капиталните инвестиции во Буџетот. Меѓутоа, тие капитални инвестиции во Буџетот мислам дека не се неважни, но единствен параметер којшто можеби е понегативен, но не е толку значително влијателен заради тоа што сите тие вкупно во државата се 400 милиони евра на годишно ниво, рече Анѓушев, посочувајќи дека нивниот износ само во ЈП за државни патишта на годишно ниво е 250 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави