Search

Пожар во ,,Идризово” дел од затворениците евакуирани

Во затворот „Идризово“ попладнево избил пожар во стариот дел од зградата, поради што била повикана пожарникарска екипа, а дел од зарворениците биле евакуирани од просториите.

Директорот на затворот, Боби Мојсоски, за „Макфакс“ изјави дека пожарот избил во затворското крило каде се чувале ќебиња и душеци.

„Приметен бил чад, по што реагирала затворската полиција, најпрво ги извадила затворениците кои во моментот биле во просторијата, а потоа го изгаснала пожарот. Повикана била и Противпожарна бригада, но, иако тие пристигнале брзо и со две возила, пожарот веќе бил изгаснат“, рече Мојсоски.

Тој додаде дека полицијата дополнително ќе утврдува која е причината за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави