Search

Лампард се поблиску до „Стемфорд Бриџ”

Гласините за можно враќање на Френк Лампард во Челзи се зголемуваат. Менаџерот на Дерби е меѓу имињата, ко се споменуваат за позицијата на Маурицио Сари, кој скоро сигурно ќе го преземе Јувентус.

Вечерва, „гол.ком” сподели дека раководството на тимот од Лондон планира средба со Лампард, додека според „Гардијан”, двете страни веќе разговарале за неговото евентуално назначување.

Интересно, Челзи, точно на денешен ден пред 18 години го објави купувањето на Лампард од Вест Хем за 11 милиони фунти. Потоа, поранешниот англиски репрезентативец помина 13 сезони на „Стемфорд Бриџ” и стана легенда за клубот.

Во текот на изминатата сезона Лампард за малку ќе го внесеше Дерби во Премиер Лигата. Сепак, тимот го загуби финалето на плејофот против Астон Вила и остана во Чемпионшип дивизијата.

Треба да знаете
Последни објави