Search

Индија подготвува евакуација на 300.000 луѓе поради циклон

Индиските власти подготвуваат евакуација на 300.000 луѓе на западниот брег, бидејќи се очекува силен циклон во четврток во државата Гуџарат.

Бурата Вају, од Арапското море, најверојатно ќе дојде во Гуџарат со ветер со брзина и до 135 километри на час, соопшти индискиот Метеоролошки завод.

Во соопштението се предупредува дека циклонот може да го одложи напредувањето на годишниот монсун во останатиот дел на Индија, бидејќи бурата ќе ги растера облаците над морето.

Претседателот на Владата на Гуџарат, Вијаи Рупани изјави дека побарал помош од војската и од националните сили за одговор на катастрофата, доколку бурата предизвика нарушување од големи размери.

Во Гуџарат се сместени голем број рафинерии и морски пристаништа, кои најверојатно ќе бидат зафатени со бурата.

Треба да знаете
Последни објави