Search

Азар не сака да го споредуваат со Меси

Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар го постави Лионел Меси на врвот на светскиот фудбал. Тој го стори тоа на прес-конференција пред претстојниот квалификациски дуел помеѓу Белгија и Шкотска.

На прашањето дали може да се спореди со ѕвездата на Барселона, Азар увери дека „тоа е невозможно”.

– Точно е дека имаме некои сличности: и двајцата сме ниски, и двајцата сме брзи … Но, тој постигнува голови во сите натпревари, а јас не. Не можам да се споредам со неспоредливиотт, рече Азар.

Според него, нема двајца најдобри во историјата.

– Има само еден и тој е, Лео Меси, додаде белгискиот фудбалер.

Восхитувањето на Азар кон Меси не е ново. На почетокот на годината, во интервју за телевизискиот канал „ХЛН”, тој одби да го спореди аргентинскиот фудбалер со Кристијано Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави