Search

Федерер без загубен сет до четвртфиналето на „Ролан Гарос”

Носителот на рекордни 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер е првиот четвртфиналист кај мажите на овогодинешниот „Ролан Гарос”. 37-годишниот Швајцарец, ставен под бр.3 во шемата, не даде никаква шанса на Аргентинецот Леонардо Мајер во осминафиналето и го елиминира од турнирот со 6:2, 6:3, 6:3.

Во првите 4 натпревари во Париз оваа година Федерер не загуби сет, а во четвртфиналето тој го очекува победникот од дуелот помеѓу неговиот пријател и сонародник Стен Вавринка (бр.24 во шемата) и 20-годишниот грчки талент Стефанос Циципас (бр.6 ). При последното учество на „Ролан Гароа”, Федерер беше елиминиран токму од Вавринка во четвртфиналето. Тогаш Стен го зеде и трофејот по успех во финалето против Новак Ѓоковиќ.

Федерер по 12-ти пат ќе игра четвртфинале во Париз. Тој веќе има 54 учества (изедначен рекорд) во четвртфинале во турнирите од „големата четворка” и е единствениот со барем 12 четвртфиналиња во секое од нив. Швајцарецот стана и најстариот тенисер, кој се пласирал во четвртфиналето на Гренд-слем турнир од 1991 година.

Треба да знаете
Последни објави