Search

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ да си го смени розевиот диоптер и да погледне како живеат граѓаните

СДСМ и владата можат да продолжат да негираат, да лажат, но и да оддржуваат сесии за фалење, но фактите од Извештајот на Европската комисија се повеќе од јасни.Власта не направи ништо конкретно за борбата против корупцијата во Република Македонија, напротив продолжува да ја стимулира со сомнителните тендери, грантовите кои се делат на лица блиски до власта, јавните набавки кои ги добиваат фирмите блиски до функционерите на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, единствено нешто што блеска во Македонија се криминалот и корупцијата, мафијашките картели и непотизмот. Одредени членки на Европската Унија со право се сомневаат во доделување на членство, затоа што власта е далеку од оние европски вредности кои треба да ги испорача.

,,СДСМ треба да си го смени розевиот диоптер и да погледне како живеат граѓаните во оваа земја. Јакнењето на демократијата не е дисфункционалност на институциите, владеењето на правото и реформи во судството не се нарачаните судски одлуки и политичкиот прогон. Единствените резултати од неработењето на власта се зголемувањето на организираниот криминал и корупцијата, а нивната несериозна кадрова политика на конто на џебот на граѓаните не создава европски вредности, туку од истите ја одалечува Македонија”, се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави