Search

Барселона го освои малото финале во Келн

Екипата на Барселона го освоија третото место на „Фајнал фор” турнирот на Лигата на шампионите во Келн, откако во дуел за бронзата го совладаа Киелце со 40-35 (20-17) .

Во малото финале во „Ланксес Арена”, Каталонците го контролираа натпреварот и ниту еднаш не го испуштија водството во резултатот. Предводени од Талант Душебаев, Полјаците постојано бркаа негатива, која не успеваа да ја достигнат и да се вратат комплетно во мечот.

На девет минути пред крајот при резултат 30-33, Киелце имаа дури два играчи повеќе, но не успеаја да ја искористат дадената шанса за да ја направат неизвесна завршницата во мечот за третото место.

Најефикасен за Барселона беше Мем со осум гола, додека кај поразениот тим Морито реализираше десет.

Големото финале меѓу Вардар и Веспрем се игра од 18,00 часот.

Треба да знаете
Последни објави