Search

Авторката Роулинг најави четири нови книги за Хари Потер

Потврдено е дека наскоро ќе бидат објавени четири нови книги за Хари Потер.

Новите приказни уште еднаш ќе ги вратат читателите во минатото. Како што е објавено на порталот „Потермор“, електронските книги ќе бидат достапни на крајот од јуни.

Сите четири кратки приказни се базираат на лекции од Хогвортс и се проследени со илустрации од лондонскиот уметник Роан Даниел Изон.

„Подгответе се да влезете во богатата историја на магијата. Новите четири електронски книги се инспирирани од изложба на книги кои зборуваат за магија и маѓепсништво „Хари Потер: Историја на магијата” во организација на Британската библиотека“, наведено е на порталот „Потермор“.

Треба да знаете
Последни објави