Search

(Видео) Пендаровски од Диво Насеље: Режимот не успеа да го разниша заедништвото заради граѓаните

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на средба со жителите на Диво Насеље, потсети на активностите на режимот на Груевски со кои се внесуваше раздор и поделби помеѓу граѓаните, со кои сакаше да се разниша заедништвото и соживотот. За жал имаше и невини жртви. Намерата на Груевски не му успеа бидејќи жителите им одржаа лекција на таквите политичари, додаде тој.

„Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата, меѓу нас кои нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И втората, предводна од против кандидатката која вели дека се што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација. Груевски од Будимпешта ги влече конците, се гледа. Немојте да дозволите тие темни времиња да се вратат назад, ајде да одиме заедно напред“, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски побара глас и доверба за политиките кои водат напред, носат во ЕУ и НАТО , политики кои нудат еднакви права, доверба и економски просперитет за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави